• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Колумна на Александар Николоски – Комплекси

декември 10th, 2018 Македонија коментари 1040

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

„Се работи за нација со комплекс, која мора да си бара корења назад 2000 години. Ако го нема Александар Македонски, ние не знаеме кои сме, престанете, срам ми е да ве слушам…“ – овие зборови одекнаа силно минатата недела. И не, не беа тоа зборови на грчки министер за надворешни работи, туку на нашиот македонски министер за надворешни работи. Досега никој толку не го навредил македонскиот народ. Никој! Откако спорот за името официјално трае, не се случило ни еден грчки министер или премиер да каже дека Македонците се нација со комплекс! Но тоа го направи министерот за надворешни на Македонија, кој во суштина треба да ги брани националните интереси токму на тој македонски народ. Не сум слушнал досега за министер за надворешни или премиер или претседател на која било европска држава кој за својот народ, за својата нација, која ја претставува, кажал дека е со комплекс. Можеби основната причина за тоа е што сите тие се избирани на избори од народот кој им ја дава довербата да го претставуваат, за разлика од министерот Никола Димитров, кој беше октроиран или, ако милувате насаден, во министерската фотелја без да учествува на избори и да ја добие довербата на граѓаните.Никола Димитров вели дека Македонците се нација со комплекс и со тоа несвесно кажува што мисли за Македонците и колку ги презира, колку во суштина ја презира и работата што ја работи. Тој очигледно не ја доживува како чест работата која ја работи дадена од народот да го претставува и води, туку само како добро пополнета биографија, само скалило кон некоја подобра меѓународна позиција на која би земал поголема плата. Тоа е така затоа што никогаш не бил избран за ништо, никогаш не учествувал на ниедни избори. Сè добивал на тацна. Кога би учествувал на избори, би ја носел топлината на секоја подадена рака која силно ја стиска вашата и во вас гледа некој кој може да му помогне на народот, кога би учествувал на избори би го носел со себе секој зрак на секој поглед кога одите да се сретнете со оние кои ве избираат, во тие погледи директно во вашите очи ја има целата филозофија на овој свет, има доверба, очекување, надеж… Затоа, кога Димитров би бил избран на избори, не би кажал дека тие што го избираат се со комплекс.Оваа епизода со понижувањето од Димитров ме наведува повторно да го ставам во размислување, а можеби и да се предложи мала измена на политичкиот систем и изборниот модел во Македонија кој би значел дека не може да бидете избран за министер или премиер ако претходно не сте избран за пратеник. Затоа што пратениците се избираат директно и ним народот директно им ја дава својата доверба. Логиката е едноставна – дека министри и премиер можат да бидат само луѓе што ја добиле довербата на народот на непосредни избори. Варијации на овој модел има во Велика Британија, Германија, Хрватска… После ова, со Димитров треба сериозно да се размисли за вакви навреди да не се повторуваат.Во мојата колумна на истите овие странци од 13 септември оваа година наловена „Како стигнавме до овде?“, анализирајќи ги причините поради кои Македонија дојде во ситуација да има најлош предлог во спорот со Грција и целосно да се прекрсти, напишав дека еден од двата неспорни работи е фактот што Заев изгуби на избори, а Димитров беше наметнат за министер за надворешни и не ни учествуваше на избори. Додадов и дека целосно сервилната позиција кон Грција и напуштањето на рамката на Обединетите нации беа фатални за македонските позиции. Очекував дека резултатот од референдумот ќе ги вразуми овие двајца како носители на процесот, но, за жал, неуспехот и поразот кој го понесоа на референдумот ги направи уште поарогантни и потврдоглави, за да завршат со навреда кон својот народ.Што да очекуваме од министер за надворешни кој смета дека народот му е со комплекс? Дали таков министер ќе се бори за зачувување на нашето гледање на историјата, наша интерпретација на културата и науката во комисијата која треба да одлучува за ова, а која е еден од најлошите делови на т.н. Преспански договор. За жал, одговорот е јасен.Најмалку што може да направи Димитров по ваквиот срамен чин е да се извини и да си даде оставка. Дали ќе има доблест за тоа? Секако, не.Ако навредата кон својот народ и критиката на ВМРО-ДПМНЕ не го натераат да размисли за тоа, тогаш можеби треба да го натераат размислувањата на неговите колеги министри за надворешни како и другите врвни политичари од ЕУ и НАТО со кои се среќава, а на кои се обидува да им се допадне на сметка на интересите на својот народ. Во неговиот светоглед тие се битни зашто по завршувањето на работата во Македонија и прекрстувањето на државата планира таму да оди за подобра плата и привилегии. Она што нему не му го кажуваат овие луѓе ќе му го кажам јас овде – пред него се смешкаат и го охрабруваат, зад него му се смеат и го презираат, затоа што немаат почит за човек кој не го почитува својот народ, а со тоа не се почитува и себе. Немаат почит за човек кој се согласува да се прекрсти себеси и државата која ја претставува, колку и тоа да им е политички опортуно во моментов и да го охрабруваат да го направи, во себе имаат само презир кон него, зашто никој од нив по ниедна цена не би ја прекрстил својата држава и својот народ, никогаш! Нему нема ова да му го кажат, но меѓу себе го зборуваат и мислат и затоа никогаш нема да го видат еднаков на себе.Да беше само за Никола Димитров, и немаше многу да се загрижам, но грижата ми е за Македонија и народот што живее овде, зашто тој е политичкиот претставник и лицето на тој народ. Многу сигурно не за долго! “

-Напиша Александар Николовски за НЕЗАВИСЕН

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Горазд Росоклија - МАРКУС ТУЛИУС ЦИЦЕРО ПРЕД 2000 ГОДИНИ ЗА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС
Следна објава "Врати го назад"! Пратеник во британскиот парламент предизвика скандал
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1904
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1093
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.