Во текот на вчерашниот ден во посета на село Крупиште беше кандидатот за градоначалник на Општина Карбинци Виктор Паунов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој имаше директни средби со граѓаните кои поминаа во пријатна и конструктивна атмосфера. Главната болка на жителите на Крупиште е тоа што и покрај фактот што селото е своевидна сообраќајна раскрсница во целиот Брегалнички регион, сепак селото е едно од најзапоставените села од страна на актуелните власти.
Ваквиот поразителен факт го констатираше и самиот Виктор Паунов кој пред граѓаните се обврза во наредните 4 години оваа негативна состојба да ја промени од корен.
“Крупиште е најзапоставеното село во општина Карбинци, проблемите со кои се соочуваат жителите се сѐ поголеми.
Посета и на населбата ,,Ванчо Прке” каде ветувањата на власта се традиционално само пред избори.Крупиште заслужува подобра иднина
“
-напиша во врска со посетата на населбата “Ванчо Прќе” Виктор Паунов на социјалните мрежи.


