“И сега, Љупче Путерче, што ќе кажеш за овој случај, класичен непотизам, партизација, корупција, врскаџиство, полнење на администрација?
И ова ли е перцепција? Ти пишува на ѕид на Фб, и оп- ете ја во МВР вработена, приправник на 57 години.
Со слики со Заев и пропусница од МВР на врат во штаб, со сите салтанати!
Ова ли се бе Путер главните референци за добивање работа во МВР, или во било која државна административна позиција?”Трчање” партиски задачи, “зборење со Заев”?
А , што ќе кажеш за опишувањето на Соња, “после дојдени во партија, работат”? Колку вакви напукавте во администрација?
Е мој Љупче, тешка диктатура практикувате! Знаеш ли колку останаа без работа? Знаеш ли колкави заеми нашибавте за вакви да раните по администрација.
И сега и К15 и оној вишок од 30% ќе и исплатите?
Тешка диктатура!
Се вработува само тој за којшто диктаторот ќе каже.Се апси само тој за којшто диктаторот ќе каже.Ти глуми лудило за перцепција за корупција; срамотилаци!
Криминалци, лопови, белосветски убијци се шетаат со македонски документи, ги затворивте Македонците како во логор, без право на документи, работа, сигурност, слобода на избор. Само диктаторот да креира слика за поголема моќ!
Тоне Македонија во диктатура и во криминал и за тоа ќе одговара.
А ти Љупче ќе го сркаш!”
-напиша на фејсбук портпаролот ан ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.


