Наум Стоилковски на денешната прес конференција од партиското седиште ги разобличи намерите на Зоран Заев да го избрише идентитетот на Македонскиот народ под плаштот на лажните европски вредности кои граѓаните на Македонија тековно во актуелното владеење на СДСМ може само да ги сонуваат.
Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од денешното обраќање до Македонската јавност:
Заев молчи и нема одговор зошто го брише македонскиот идентитет.
Грчкиот министер Никос Коѕиас го потврди тоа што го крие Зоран Заев и власта. Коѕиас прогласува победа во преговорите, со тоа што потврдува дека никој повеќе нема да употребува Република Македонија вклучително и над 140 држави, меѓу кои и САД, за што со години макотрпно траеше борбата за признавање под уставното име!
Почитувани,
Идентитетот го чува и јакне државата преку нејзините национални институции – политички, административни, општествени, научни. Со бришењето на придавката и со смена на името на државата за сите употреби внатре во комуникацијата во државата, овој Договор кој предвидува бришење на атрибутот, го брише идентитетот и им ја одзема државноста на Македонците. Тие ја губат својата држава.
Освен лажните заложби за европски вредности – нема одговор на клучното прашање за Македонците и за Република Македонија: Зошто Зоран Заев прифати да го менува идентитетот на Македонците? СДСМ и Зоран Заев немаат ниту еден аргумент дека со договорот се брише македонскиот идентитет, се бришат институциите преку кои се идентификува народот и кои го гарантираат идентитетот.
Дури и Заев признава дека сите институции ќе мора да го загубат македонскиот предзнак. Заев признава дека сите институции ќе мора да го избришат името и наместо придавката Македонска, Македонски, Македонско, ќе мора на крајот да додадат „на Северна Македонија“. Така, Заев признава дека ќе се смени и името на сите државни институции, министерства, државни органи, МАНУ, личните карти, пасошите.
Во цела низа на членови во Договорот точно се прецизира бришењето на идентитетот – од тоа како ќе биде новото име, промена на Устав, документи, како треба да гласи второто име, ги дефинира имињата на институциите, прецизира дека ќе биде и за севкупна употреба, како ќе гласи националноста и државјанството, го дефинира бришењето на придавките од имињата на институциите, забраната на придавките во комуникацијата, ги дефинира и прецизира термините кои ќе смеат да бидат употребувани, па предвидува долготраен детален процес на ревидирање на научни дела учебници и помагала, дури и ревизија на комерцијалните имиња и трговски марки! И на сето тоа Грција добива право со овој Договор во случај на како стои „грешка, пропуст или превид“, да побара исправка и извинување!
Овој Договор, овој текст не остава ништо на случајност, или нешто што Заев се обиде да го нарече паушалност која остава простор. Заев точно знае што прифатил, и упорно и системски го лаже македонскиот народ.
Договорот предвидува комплетно бришење на идентитетот. Ова е Договор за чистење на цела нација, ова е пострашно од геноцид, ова е чист етноцид. И тој етноцид сакаат да го прикажат за некаква победа. Ова е погубен договор за кој тече државна кампања за измама и манипулација на граѓаните за некаков подобар живот и европска Македонија