• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

„Лето за Македонија“: Со широка акција 1.500 тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе допрат до секој еден граѓанин во државата

јули 10th, 2018 Регион коментари 768

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
„Лето за Македонија“: Со широка акција  1.500 тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе допрат до секој еден граѓанин во државата

На денешната прес конференција Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ја најави акцијата “Лето за Македонија” со која над 6000 активисти на партијата т.н. “четворки” ќе излезат на терен од денеска и ќе го посетат буквално секој граѓанин во секое село, секој град во државата.

Причини за ваквата активност има многу кои се сведуваат на еден заеднички именител: СДСМ.

Државата е заробена од страна на криминалниот картел наречен СДСМ. Картелот ја уништува Република Македонија на секое поле. Економијата тоне, земјоделието е на колена, здравството колабирано, безбедносниот систем разнишан, правосудството е продолжена рака на власта, државата е меѓународно понижена, а идентитетот доведен во прашање.

За нешто повеќе од една година Заев успеа трајно да ги загрози македонските државни и национални интереси. Тој потпиша договор за промена на името со истиот тој договор истиот тој Заев прифати и промена на Уставот, идентитетот и јазикот на државата.

Граѓаните се чувствуваат продадени и несигурни.

Секојдневно гледаме како полицијата наместо да ги штити граѓаните ги штити криминалците. Буџетот наместо за проекти од корист за граѓаните се користи како средство за богатење на неколку фирми блиски до власта.

Граѓаните бараат помош и бараат некој што ќе ги слушне нивните маки. Граѓаните очекуваат разбирање за нивните ставови и решеност да се спроведе нивната волја.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи овој организиран грабеж врз Република Македонија да продолжи. ВМРО-ДПМНЕ не може да го премолчи понижувањето на народот.

-изјави Јанушев и продолжи.

ВМРО-ДПМНЕ е создадена од народот и за народот. Нема да дозволиме СДСМ да им ја одзема надежта на граѓаните. Ние мораме и ние можеме да го спречиме осиромашувањето, бесперспективноста и уништувањето на државата.

ВМРО-ДПМНЕ од денес ја почнува акцијата „Лето за Македонија“. 1.500 тимови на партијата ќе го посетат секој град, секое село, секој еден дом и ќе допрат до секој еден граѓанин. Ќе се среќаваме и ќе разговараме, заеднички ќе ги согледуваме предизвиците со кои е соочена Република Македонија и ќе изнајдеме заеднички решенија за проблемите.

Само вие, граѓаните на Република Македонија може да изберете како сакате да живеете. Премногу време е изгубено. Државата не смее да продолжи да стагнира. Агонијата мора да запре. Должни сме на Република Македонија, должни сме на минатите генерации, но имаме обврска кон сегашните и идни генерации да создадеме просперитетна иднина.

Сите ние заеднички можеме да му ставиме крај на ова зло наречено СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е сигурна и просперитетна алтернатива. Ние креираме програма со визија за напредна држава, економски развиена, технолошки модерна и правно стабилна. Тим од експерти работи на новата програма во која ќе се најдат проекти за сите. Ве повикуваме сите вас, граѓаните на Република Македонија да ги дадете вашите идеи и предлози, да ни го кажете вашиот сон за Република Македонија, да го преточиме во програмата. Таа ќе биде нашата обврска бидејќи е време да му ставиме крај на безредието и безнадежноста.

СДСМ мора да си оди. Тагата, чемерот и јадот не смеат да бидат наше секојдневие. Република Македонија ќе победи.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За Денот на рударите во Македонска Каменица се најавува повторно богата забавна програма
Следна објава "Зора на свободата"-Првата неофицијална химна на Македонија
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 241
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 437
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 385
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 505
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 388
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 301
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1367
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 273
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 493
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1234
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2022
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Најава за "востание" на Македонците ширум Европа
Свет

Најава за "востание" на Македонците ширум Европа

Мај 31st, 201820
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.