“Зора на свободата” е марш на македонските револуционери, првата химна на Македонија којашто државните власти од минатиот политички систем најстрого ја забранувале. Неа ја пееле македонските патриоти, иселениците, дури и делегатите на Првото заседание на АСНОМ, но србокомунистичките власти подоцна ја прогласиле за “бугарашка” и целосно ја забраниле.
Со создавањето на државата Македонија, во рамките на Југословенската федерација, поради силната српска пропаганда во Македонија и усилијата за србизација на Македонија, било забранувано се што ја доближувало Македонија со Бугарија.
После 1945 година малкумина имаале смелост да ја запеат оваа химна, а некои завршиле и в затвор затоа што ги фатиле како ја пеат. Оваа песна, била единствената официјална химна што се интонирала пред делегатите на Првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944 година во манастирот “Свети Прохор Пчињски”.
На втората страница во весникот “Нова Македонија” од 2 и 3 август 1945 година пишува за првата годишнина од АСНОМ и интегрално се пренесува атмосферата во салата:
“Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громко одекна химната “Изгреј зора на Свободата”. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието”.
Химната се пеела и пред народни собири, седници, конференции и празници. Во еден напис од 30 ноември 1944 година останало запишано:
“…Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните “Хеј Словени” и “Изгреј зора”, кој бева стојејеки изслушани”.
Во друг напис од 3 декември 1944 година се пишува:
“…Меѓувремено музиката засвирва “Изгреј зора на Слободата” и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)”.
Денес, кога Македонија би требало да е независна држава и ослободена од српската диктатура и од србизацијата, оваа химна би требало да биде позната на секој Македонец. Но, за жал само малкумина знаат за неа.
Во клипот можете да го прочитате текстот на химната напишан на оригиналната кирилица и правопис којшто се употребувал во Македонија со векови наназад па се до 1945 година кога кирилицата е заменета со српска караџица.