Во врска со намерите на Владата на Зоран Заев и СДСМ да ја зголемат возрасната граница за пензионирање на Македонските граѓани, на фејсбук се огласија од партијата “Левица” која жестоко се спротивставува на ваквите најави.
Во продолжение ја пренесуваме нивната кратка реакција:
Не смееме да дозволиме предлогот на ММФ за зголемување на старосната граница за пензионирање да биде спроведен. Ако Владата сака да ја пополни дупката во пензискиот буџет, таа слободно може да започне да ги даночи милионските добивки на приватните компании. Ние одбиваме да умреме на работа!