Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
– Почитувани,
Јас Лилјана Кузмановска кога ја барав Вашата поддршка на парламентарните избори и 2011,2014 и 2016 год. Ветив и дадов свечена изјава дека ќе ги застапувам граѓаните во Собранието и ќе го почитувам Уставот и законите и ќе ги бранам интересите на Р.Македонија.Јас немам мандат ниту овластување ,а и лична намера да гласам за било какви измени во Уставот со цел промена на Уставното име на мојата татковина Македонија.
Македонија вечна!