Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со своил лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
-Почитувани,
Јас Никола Мицевски.
Како народен пратеник, со ваша подршка, избран сум на непосредни избори, да ги застапува и претставува граѓаните во Собранието на Република Македонија, сум дал свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на граѓаните на Република Македонија.
Како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на замјата во која живееле моите предци, во која живеам јас, во која треба да живеат моите деца, мојата Татковина – Република Македонија.