Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
Јас како Лилјана Затуроска
НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ СО ЦЕЛ ДА ИМ ГО СМЕНАМ НИВНОТО ДЕДОВО ИМЕ,
бидејки тие не ми дале мандат да ги изиграм нивните национални чувства и да ги разобличам, обезименам и уништам нивниот идентитет, историја и вековна традиција.
• Нема да гласам за промена на чл. 49 од Уставот на РМ и да се откажам од моите братучеди, стриковци, и роднини кои ги имам во Егејскиот дел од Македонија,
• нема да го сквернавам минатото на мојот дедо и мојата тетка кои ги положија животите за ова парче земја, за ОВАА МАКЕДОНИЈА.
• нема да турам пепел на голготата кој мојот татко ја изодел, кој морал да го напушти своето родно огниште и да најде засолниште во ОВАА ЗЕМЈА, која го прифатила и му дала можност да се школува, да твори, создава и створи свое гнездо..
Почитувани мои сограѓани, нема да ја избришам мојата земја од Библијата и картата на светот.
За мене името на земјата, мојот и идентитетот на моите граѓани, јазикот и историја се аманет кој нема да го разнебитам и мора да им го предадам така неоштетен на моите идни поколенија.
ЗА МАКЕДОНИЈА