Невладините организации „КХАМ“ од Делчево и „ЕСЕ“ од Скопје подготвуваат локална стратегија за подобрување на здравјето на жената и подобар пристап до здравствените услуги за мајките и децата од ранливите категории. На изработката на стратегијата и претходеа истражувања кои ги спроведе НВО „КХАМ“ од Делчево на територијата на Делчево, село Црник- Пехчевско и Виница.
Зоран Биковски од НВО „КХАМ“ истакна дека дошле до податоци кои укажуваат дека на терен се уште се наплаќа кај матичните гинеколози, а само 1 отсто од жените Ромки во Виница добиле покана за скриниг и рана детекција за рак на грлото на матката.
– Ова е поразителен факт бидејќи мора да се грижиме за здравјето на жената, а последиците од нередовни гинеколошки прегледи се огромни. Незаконското наплаќање е сериозен проблем за остварување на правото на здрваствена заштита кај жената. Во Пехчевското село Црник 46 отсто од жените немале превентивен гинеколошки преглед, 36 отсто не добиле покана за превентивен преглед, а на 68 отсто од испитаниците им е наплатено кај матичен гинеколог, истакна Биковски.
Борјан Павловски од НВО „ЕСЕ“ истакна дека на оваа проблематика двете организации работат веќе шест години. – Потребно е да се подготват заеднички стратегии за застапување, она што беше откриено на терен да се идентификува и да се предложат мерки кои ќе се внесат во стратегија за застапување и ќе се застапува пред сите релеватни фактори за да се донесат специфични мерки, рече Павловски.
Во просториите на НВО „КХАМ“ се одржува првата работилница за застапување која ќе помогне во изработката на локалната стратегија за трите општини. Покрај локалната стратегија, овие организации во соработка со уште две невладини организации од земјава ќе подготват и национална стратегија за подобрување на здравјето и пристапот до здравствена заштита на ранливите категории, која ќе бара конкретни мерки и активности од надлежните институции за отстранување на детектираните проблеми на терен