Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов од Штип ја алармира јавноста за недомаќинското работење на локалните власти предводени од Градоначалникот Сашко Николов.
Имено станува збор за трошење на енормна сума на пари во услови на општа криза како во државата така и во Штип од страна на ЈП “ИСАР” за набавка на цвеќиња од позната струмичка фирма, кои што изгореа поради несоодветното одржување од страна на ова јавно претпријатие.
“Изгореа 3.500.000 денари ( 55.000 евра) за набавка на цвеќиња од позната струмичка фирма.
Расадникот за цвеќиња на ЈП Исар не работи, но затоа локалните шерифи на СДС работат со провизии.
Одговорност ќе има!!!
#ЕвроОдЦвеќе“
-напиша на фејсбук пратеникот Иван Јорданов.


