Фудбалерите на Барселона го совладаа првиот меч со Манчестер Јунајтед победувајќи на Олд Трафорд со 1-0, додека без победник 1-1 заврши пресметката помеѓу Ајакс и Јувентус во Амстердам.
Каталонците не одиграа на посакуваното ниво, но доволно да слават минимален триумф кој им ги отвори вратите за полуфиналето. Барселона, погодокот за победа го реализираше во 12-та минута со голема помош од Лук Шо кој сам си ја затресе мрежата.
Јувентус поведе во 45-та минута со погодокот на Кристијано Роналдо, а Давид Нерес изедначи во првата минута од второто полувреме.