Во рамки на поттикнување и промоција и афирмација на најдобрите студенти на техничките факултети, и годинава на Универзитетот Св. Кириил и Методиј се доделуваат наградите Инжинерски прстен на најдобрите студенти за минатата учебна година.
Оваа година на Градежниот факултет во Скопје, најдобар студент со 9.78 просек на оценките е м-р Кристина Хаџиевска
Таа како и останатите надобри студенти од техничките факултети ќе го добие Инжинерскиот прстен на пригодна свеченост од Претседателот на државата.
Во продолжение го пренесуваме соопштението кое што по овој повод го објави во јавност Градежниот факлтет од Скопје:
Доделено признанието Инженерски прстен
Во рамки на свеченото доделување на дипломите, доделено беше и признанието Инженерски прстен, кое се доделува на
редовен студент со највисок остварен просек на 1 и 2 циклус на студии, кој студиите ги завршил во рок од 6 месеци по завршувањето на двата циклуси на студии од 5 години.
Оваа година добитник е м-р Кристина Хаџиевска, дипл. град. инж, со среден успех од 9.78.
Инженерскиот прстен ќе биде врачен на сите добитници од техничките факултети од страна на претседателот Стево Пендаровски во петок, 28 јуни 2019 год. со почеток во 19ч. во Музеј на современа уметност-Скопје.
-напишаа на својата фејсбук страница од Градежен факултет- Скопје