Од кризниот штаб на Македонија #Блокира објавија дека ќе има организиран превоз за граѓаните од цела Македонија.
Се повикуваат сите граѓани кои се против промената на уставното име на Република МАкедонија да се приклучат на семакедонскиот народен протест кој ќе се одржи во сабота на 1-ви Декември со почеток во 12.00 часот пред Македонскиот Парламент.
Во Македонскиот парламент за 1-ви декември е закажана седница на која треба да бидат гласани уставните амандмани во втората фаза од постапката за нивно донесување со што ќе се промени уставот и името на Република Македонија.


