Голем планинарски подвиг остварија 15 Македонски планинари во текот на вчерашниот ден.
Врвот Арарат (5137 мНв) каде што се верува дека била закотвена арката на Ное после големиот библиски потоп веќе е своевиден трофеј во колекцијата на освоени врвови на оваа група на планинари.
Вулканскиот масив кој се состои од два врвови се наоѓа на четворо-меѓето меѓу Турција, Ерменија, Азербејџан и Иран.
“Македонската експедиција предводена од Тодорче Ѓеоргиев, вчера ја имаше својата кулминација. Сите 15 члена на експедицијата успешно го искачија вулканот Арарат 5137м, место кое се смета дека Ное со арката на големиот потоп е застанат баш таму.
Искачувањето било на -20 степени целзиусови со ветер кои им правел доста потешкотии при идењето нагоре. Повторно две убави вести, првата, официјално неизбрусениот дијамант стана наш член, добре дојде Ана. Која зема членска од највисокото место до сега во историјата на клубот. А додека втората вест е дека НАЈМЛАДИОТ високогорец кој бил на 5000метри и нагоре е Даниел Јанков со само 16години го искачи овој голем врв. Големи честитки до него и до третиот член Стефан за кој ова е прво искуство исто така.
Наздравје нека ви е врвот!
Ве чекаме со импресии во Скопје.”
-стои во соопштението на фејсбук групата I love hiking – group Macedonia во врска овој планинарски подвиг.