Домаќините на Европското првенство во фудбал Романија на централниот стадион каде што Македонската фудбалска репрезентација ќе дебитира против репрезентацијата на Австрија во недела со почеток во 18.00 часот со огромно чувство на пријателство го најави дебитантскиот настап на нашите фудбалери.
На огромен билборд на стадионот на фудбалскиот клуб Стеауа во Букурешт домаќините напишаа “Добредојде МКД” (Welcome MKD) со што го избегнаа користењето на противзаконската и противуставна придавка “Северна” пред нашето име.