Во срцето на населбата Аеродром во Скопје во близина на Три Бисери, оваа недела ќе блеснат Македонски традиционални мотиви на канцеларијата на Здружението “Македонски Аманет” Скопје.
“Здружението за чување и негување на македонската традиција Македонски Аманет-Македонец за Македонец, во четврток 06.10.2022. година ќе го промовира излогот на својата нова канцеларија ,со македонски традиционални мотиви. Канцеларијата се наоѓа во Три бисери, населба Аеродром, Скопје”
-информираат од здружението при што ги повикуваат сите добронамерни Македонци да ја посетат канцеларијата и да се запознаат со активностите на членовите на здружението:
“Ве покануваме од 09.00 до 18.00 часот во работното време на канцеларијата во термин кој вас ви одговара да не посетите и да ги информирате граѓаните на Македонија за новата македонска канцеларија во Скопје.
-соопштуваат од Македонски Аманет Скопје.