• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Македонското име е повредно од НАТО и ЕУ

август 6th, 2019 Македонија коментари 850

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Македонското име е повредно од НАТО и ЕУ

Името Македонија има голема историска вредност и вековна традиција. Иако поради неговата величина со векови било оспорувано, тоа опстанало заради својот народ кој никогаш не се откажал од македонското име.

Но тоа не биле Грците, туку Македонците. Тие верни синови на Македонија се бореле по горите и планините на својата земја и ги испишале страниците на македонската историја. Така името Македонија забележано во Библијата ги надживеа старите империи Римската, Византиската, Отоманската, а ќе ги надживее и новите империи (САД, ЕУ).

Денес, во името на евроатланските интеграции се бара од македонскиот народ да се откаже од своето име, кое е постаро, поголемо и повредно од тоа што е денес НАТО и ЕУ. Со еден акт Македонците треба да се откажат од своето име, идентитет, јазик, од својата славна историја и безимени и обезличени да влезат во сојуз кој не го почитува меѓународното право.
Потврда дека Западот за тоа е пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која Македонија не смее да биде попречувана да влезе со привремената референца, Имено, овој суд преуди дека Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.

Денес од Македонците се бара да го решат проблемот со името, односно да се откажат името, идентитетот и сопствената историја, доколку сакаат да влезат во НАТО и ЕУ. Нешто што е незамисливо во модерниот свет и нешто што не е никаква гаранција дека Македонија ќе биде примена и дека како нејзин член ќе и биде загарантиран мирот и стабилноста во земјата.

Во последно време на виделина се појавија и други докази дека Западот не го почитува договореното. Декласифицираните документи на Вашингтон, потврдуваат дека за време на преговорите со советската влада, предводена од Михаил Горбачов, како дел од процесот за надминување на Студената војна, западните влади предводени од Вашингтон, дадоа категорични гаранции дека по повторното обединување на Германија нема да има обид НАТО да се прошири кон исток кон руските граници.

Меѓутоа, Западот одамна го прекрши ветувањето дадено на Русија и го дестабилизира светот. Ако Западот тоа го направи кон Москва, која е гаранцијата дека ќе го испочитува ветувањето кон една мала земја како Македонија, дека доколку го реши проблемот со името со Грција ќе биде примена во НАТО и ЕУ.

Искуството од минатото, а и последните три години укажува дека на центрите на моќ им е потребна македонската територија за ширење кон исток, но не и македонскиот народ. Бидејќи името Македонија само по себе асоцира самостојност на земјата, тие дефинитивно се ставија на страната на Грција и вршат огромен притисок врз македонскиот народ да го смени името, идентитетот и јазикот. За таа цел беше инсталирана марионетска власт, а покрај неа беше вклучен и нивниот дежурен џандар на Балканот од каде произлезе и Тиранската платформа.

Наместо демократија и почитување на човековите права, наместо мир и стабилност, идеолозите од Запад денес извезуваат дестабилизација на исток, особено во земјите кои како Македонија се наоѓаат на линијата на огнот меѓу Истокот и Западот.
Меѓутоа, Македонците нема да потклекнат. Самостојни или во рамките на повеќе империи, Македонците никогаш не се откажале од своето име, но на светот му оставиле многу вредности. Тие од секогаш ги почитувале духовните вредности и се заложувале за почитување на правата на другите.

Денес, непријателите на македонскиот народ се обидуваат да ги присвојат овие вредности и преку бришење на името да ја сменат историјата и да го сменат сопственикот на македонската земја. Всушност тоа значи, во својата куќа и на својата земја да станеш потстанар и кираџија.

Странци повторно сакаат да завладеат со македонската земја. Поради тоа македонскиот народ каде и да е, се повикува да ги затрупа стапалките на туѓиот господар, ако сака да остане сопственик на својот имот и да му стави крај на честите ослободувања и вечното ропство.

Секој Македонец треба да застане во првите редови на фронтот во одбрана на името, идентитетот и јазикот, во одбрана на демократијата, за да ја зачува слободата, за да не стане граѓанин од втор ред во својата земја. Македонскиот глас мора да се слушне во секое катче од светот, бидејќи македонското име е повредно од НАТО и ЕУ

Пишува: Ванчо Миленковски

16 март 2018 година

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Крушевскиот Манифест
Следна објава Бернајс Пропаганда го најавија својот нов петти студиски албум
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 704
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 642
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 664
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1318
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 598
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 690
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 365
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 457
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 665
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1391
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1732
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1465
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202217
Љубомир Цуцуловски: КОЈ КАКО ЌЕ ДОЈДЕ…
Македонија

Љубомир Цуцуловски: КОЈ КАКО ЌЕ ДОЈДЕ…

Јул 15th, 201916
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.