Како еден од најзначајните музички фестивали не само во Брегалничкиот регион туку и пошироко, Макфест 2022 година го доживува својот досега најголем програмски процут.
Во организација на Општина Штип двата фестивалски денови на 21 и 22 овој месец на Плоштад “Слобода” во Штип со почетк во 19.00 часот ќе се реализира настанот “Вино и музика” со учество на незаборавни музички имиња и песни кои што се родија во минатото на Макфест.
“Оваа година за првпат во Штип, Макфест ќе биде збогатен со уште еден придружен настан на Плоштад Слобода!
Масовноста на реномираниот фестивал ја зголемуваме со настан во името на виното и музиката, на кој во живо ќе се проследат двете фестивалски вечери, а потоа ќе следуваат изведби на најголемите хитови од истиот.
На овој несекојдневен настан ќе се потсетиме на: „Кога те нема“ од Хелена Благне, „Таму кај што си“ од Ристо Самарџиев, „Осамен“ од Трајче Манев, „Виолина и гитара“ од Дуле и Коки, сѐ до „Никогаш не вели никогаш“ од Антонија Гиговска, „Тажна љубов, среќна песна“ од Тамара и многу други незаборавни мелодии!”
-информираше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.
Поканети сте сите, затоа што Штип овој викенд ќе пулсира во ритамот на Макфест!