Во парламентот во рамки на вчерашното утврдување на дневниот ред на закажаната седница уште еднаш се разобличи вистинското лице на власта.
Парламентарното мнозинство составено од СДСМ, ДУИ и нивните сателит партии наместо да брзаат за да ја доделат помошта за граѓаните и стопанството за полесно справување со индуцираната општа криза во државата, тие како втора точка на дневн ред ја бранеа точката за избор на уставни судии кои што во иднина треба да ги заштитат криминалот кој што во масовни граници се спроведува од поединци во власта.
За да се промени оваа точка со точка која што е од интерес на граѓаните реагираше и пратениката на ВМРО-ДПМНЕ од Винициа Даниела Христова чиј што предлог го пренесуваме во продолжение: