• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Матрикс

август 21st, 2019 Македонија коментари 1117

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Матрикс

Со денови сме изложени на лош ПР ,спинови и фејк реалност.А сите се сведуваат на едно – како да се изора и оној дел од мозокот на македонскиот народ кој останал недопрен. Секој кој не ја прифаќа промената на името станува Енеми оф д Стејт?

Секој поглед во екранот на ЛЦД-то е вкрстен оган со сопствената интелигенција.Па до толку ли не потценуваат? Ноншалантно-шарлатански предлог, чија цел не беше да се понуди некакво си решение, но да ни се сервира опција која само изгледа Ок за Македонците, а всушност е само замајување на реалната слика и отворање нов мегдан за Големите сили да си отворат нова оф-шор територија, корисна за се и сешто.Скапо платениот домашен и странски ПР не доведе во ситуација да не веруваме ни на сопственото лево око. Зошто? За да се нанесе последниот удар на Македонија, т.е. комплетно уништување на се она кое се нарекува патриотизам, национализам и радикализам (последново веќе велат извори дека не било Ин?!) ќе се користат сите светски познати конвенционални и неконвенционални методи. Веќе е досадно да слушаме како, не денови, туку часови и минути не делеле од правната држава на Заев.

Смејурини за мали деца, ама сепак толку инфицирани од Северната треска , да не верува човек!?

Порано си велев, ај ветено на пооскудните некое си ковче, вработување, политичарите фураат сосема друг филм а Народов, тој само вага…да , да ја кантари работава триесетина години. Дали излажани или не луѓево си бараат отчет а не само бедни изговори и залажувања.И своето ќе си го побараат и наплатат на избори, за тоа немам сомнеж.Мојот сомнеж се раѓа кога ќе ги погледнам пријателите околу мене, го барам жарот за ентузијазам и непоправлив оптимизам и наместо него гледам насобран гнев и горчина.Ништо не велам, знам како им е…си велам ќе помине! Но од ден на ден нова насока се раѓа од новиот склоп на околности и новиот систем на општење, дали арен или лош, ќе каже иднината!? А знаеме дека спинот всушност има само една цел, а таа е да ве доведе во комплетна изолација и погрешна претстава, лоши и срамни одлуки итн…

Во овие црни ноќи на македонската демократија видовме повеќе фејк отколку за сто години!Навистина! А држава во која предавникот се води херој от гние по затвори, каде кукавиците и кодоши се ставаат на раководни места а паметните веќе нагло бегаат од Македонија сите да воздивнеме силно и на тешко срце да си купиме билет во еден правец. Така да, со што и да ве бомбардираат овие денови, треба да ви е јасно дека целата работа е договорена, и дека теретот, багажот е наш а кајмакот е секогаш во милениците на Западот.

А тие вештачки или не, ја одржуваат контролата па макар и на апарати за дишење. Впрочем, ова што се случува денес безмалку наликува на диктатура а не на развиена и стабилна држава.Далеку од памет!? Ми велат, грешка е да се биде толку оптимист, гледаш дека не бива од нас ништо!?Остави, ми велат не вреди, гледаш дека сите крадат, уценуваат, апла се прават криминали, сите гледаат а сите фатени и во мозок и во раце! Го подготвуваат народот за тоа, за таа другата слика!?Ден по ден и овој завалијава, можно да падне на дух и дека ќе прифати се што ќе му се каже.Мислам дека не ја научи лекцијата последниот пат Македонија.

Би бил најсреќен кога барем внатрешната употреба ќе ни биде загарантирана а се останато полека полека ќе се решава…степ бај степ што велат оние чаушине со пет збора у Фонд ама не за иновации! Девастирано земјоделие, расцветано судство, на колена здравство, се повеќе наликува на некоја Јужно американска територија отколку на ЕУ држава со солидна култура.

Македонскиот народ секојдневно гледа бришење на идентитетот, на зборот Македонија, на обележја кои се наши, на сржта која не отсликува како народ. Рекет, афери, скандали ја тресат цела нација а комотните лежерно си практикуваат власт.Само малите молчеливи актери ќе искоментираат збор два и ќе заспијат во зимски сон.А си бевме големото друштво, сите познавачи на мрежата, на матриксот… На крајот на краиштата, сите остануваме Заробени во мрежата.

Матриксот бил во секој од нас!? Едните заведени, другите разделени! Едните со полни џебови, другите со полни здравствени книшки! На едната страна одбрана а на другата напад.

На Запад ништо ново а Северна ви #Блеска на првите а е #Трн во окото на другите!

Јас само барам инер пис, малку повеќе љубов кон Македонија, малку почит и леб и вода.

Се друго е луксуз во продадена територија, ама тоа допрва ќе го видите…

-Пишува: Гоце Марков

Kолумнист, Македонец и Човек

  • Ознаки
  • Гоце Марков
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Прва жртва од западнонилска треска во соседна Србија
Следна објава Генеза на убиството на општествената свесност и граѓанскиот капацитет на Македонскиот граѓанин
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 361
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 341
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 359
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 978
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 354
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 396
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 166
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 245
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 329
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

701
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1483
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 2022 1054
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201920
Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"
Македонија

Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"

Авг 4th, 201817
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.