Вечерва на полноќ мештаните со помош на словенечките пожарникари го изгасиле пожарот кон селата Негрево и Црник
Со натчовечки напори и непрекината битка жителите на Пехчево и околните села, заедно со повеќе службени лица од Пехчево и словенечката екипа на пожарникари која во текот на четвртокот цел ден беше во акција со мештаните, конечно успеаа да го изгаснат пожарот кој што се закануваше да ги профолта селата Негрево и Чифлик.
Некаде околу полноќ пожртвуваните борци на линијата на огнот ја објавија победата и си посакаа мирен сон и одмор во наредните неколку часови.
Професионализмот и посветеноста на словенечките пожарникари биле огромни според сведоштвата на терен од самите мештани со кои рамо до рамо го гасеа пожарот.


