• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Метаморфозис ги демантира тврдењата на порталот Лидер.мк дека лица од фондацијата бришеле содржини од фејсбук во Македонија

ноември 13th, 2020 Македонија коментари 1075

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Метаморфозис ги демантира тврдењата на порталот Лидер.мк дека лица од фондацијата бришеле содржини од фејсбук во Македонија

По објавениот текст на порталот Лидер.мк со наслов „(ФОТО) Ова се луѓето кои бришат содржини од Facebook во Македонија!“, кој што беше пренесен како информација на Брегалнички.мк, фондацијата Метаморфозис ги демантираше информациите на Лидер.мк .

Текстот на нивниот демант го пренесуваме во целост во продолжение:

“На ден 12.11.2020 година на веб-сајтот www.lider.com.mk е објавен текст со наслов „(ФОТО) Ова се луѓето кои бришат содржини од Facebook во Македонија!“ во кој се наведени повеќе невистинити тврдења кои можат да се окарактеризираат како клевети.

Меѓу другото во спорниот текст е објавен колаж од фотографии од дел од вработените во Фондацијата „Метаморфозис“, а во насловот пишува дека тоа се луѓето што бришеле содржини од социјалната мрежа „Фејсбук“. Подолу во текстот се наведени имињата и презимињата на скоро сите вработени.

Поточно во текстот се наведува:

„Во изминатите месеци на facebook може да се забележи дека често се отстрануваат содржини. Ова се случува откако социјалната мрежа лансираше програма за fact checking.

Во Македонија, регистрирани факт чекери се од невладината организација Метаморфозис, кои имаат своја платформа.

Во импресумот на оваа невладина организација стои дека таму работат Бардхил Јашари, Филип Стојановски, Марија Панчевска, Кендреса Сулејмани, Горан Ризов, Елена Стојановска, Владимир Петрески, Зоран Андоновски, Елида Зилбеари, Виолета Глигороска, Мила Јосифовска Даниловска, Филип Нешкоски, Калин Марковиќ, Виолета Јончевска, Анита Милановска, Елена Стојанова, Бојан Блажевски, Гоце Арсовски, Драган Куциров, Мирон Кали, Фросина Ѓоргиева, Валон Абдиу, Марија Василевска, Емилија Ѓорѓиевска, Оливера Војновска, Теофил Блажевски, Сашо Спасоски, Силвана Жежова, Суад Бајрами, Фатбарда Кури и Линдита Бакиу.“

Во интерес на правилно информирање на јавноста, и против наведените злонамерни и клеветнички инсинуации кои претставуваат и притисок врз слободата на говор ве информираме дека:

  • Ниту еден од вработените или надворешните соработници на Фондацијата „Метаморфозис“ не брише туѓи содржини од „Фејсбук“. Такво нешто е невозможно за било кој од вработените во Фондацијата и со тоа овој напис претставува комплетна дезинформација.
  • Фондацијата „Метаморфозис“, односно сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ како потписник на Кодексот на Меѓународната мрежа за проверка на факти, во партнерство со „Фејсбук“ од август годинава започна програма за проверка на факти. Пред почетокот на програмата, јавноста беше информирана за овој дел од борбата против дезинформации, која Фондацијата Метаморфозис ја води во земјата и регионот.
  • Оваа програма воопшто не вклучува опција за отстранување или бришење на каков било начин на содржини од социјалната мрежа. Методологијата на програмата (Facebook’s Third-Party Fact-Checking Program) е јавно објавена и е јасно објаснето дека опфаќа означување на содржини и додавање линк до написи со проверка на факти, а партнерите воопшто немаат можност да отстрануваат содржини.
  • Сите оние што имаат профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ како и свои Фејсбук-страници, при нивната регистрација се согласуваат на правилата за користење. Санкционирањето на непридржувањето до овие правила на користење не е дел од партнерството на „Фејсбук“ со „Метаморфозис“.
  • „Фејсбук“ од 2016 година е членка на Кодексот на ЕУ за спротивставување на нелегален говор на омраза онлајн и отстранувањето на содржини по тој основ го врши директно платформата, а не партнерите. Така на пример „Фејсбук“ во јули објави дека има над 35.000 вработени кои работаат на безбедноста и дека само во првото тромесечие на 2020 г. отстаниле над 9,6 милиони содржини. Периодичниот мониторинг на ЕУ го потврди напредокот на платформата во борбата против говор на омраза преку информирање на корисниците, овозможување да се пријават злоупотреби и отстранување содржини кои ги кршат правилата кои се обврзни за сите корисници. Овие механизми не се дел од партнерството на Фејсбук со организациите за проверка на факти.
  • Објавувањето на фотографии на вработените во Фондацијата „Метаморфозис“, кои патем не се ниту поврзани со програмата за проверка на факти на „Фејсбук“, како и испишувањето на имињата и презимињата на скоро сите вработени, го сметаме за исклучително злонамерно неновинарско однесување, кое претставува повик на јавен линч и тоа најостро го осудуваме.
  • Дополнителна штета се прави со објавување на имиња на лица кои одамна не се дел од тимот на „Метаморфозис“, што преставува уште една груба манипулација и дезинформација.
  • Спротивно на новинарската етика, ниту еден од медиумите што ги имаат објавено клеветничките написи нема побарано коментар од „Метаморфозис“ ниту од било која друга засегната страна, што е во директна спротивност на Кодексот на новинари на Македонија.

Жално е што, наместо транспарентноста на Фондацијата „Метаморфозис“ да служи за пример, таа се злоупотребува за заплашување, повикување на јавен линч и ширење на дезинформации.

Тоа е всушност токму она против што Фондацијата „Метаморфозис“ се залага во својата работа.

Со објавувањето на ваквите невистинити тврдења се нанесува голема штета на угледот на Фондацијата „Метаморфозис“ и на сите вработени. Воедно, се загрозува безбедноста на вработените преку повик за јавен линч.

Написи што водат до овој напис беа споделени и на веб-сајтовите kurir.mk, netpress.com.mk, bregalnicki.mk, и times.com.mk. Воедно, написот беше споделен на социјалните мрежи најмалку 20 пати, меѓу другото и од страна на Фејсбук страници на две политички партии. Во голем дел од случаите коментарите на споделениот напис содржат говор на омраза и повици на линч, што вклучува повици вработените на Метаморфозис да „висат на бандера“, да им се однесат посмртни венци, да се разболат од корона вирус, да бидат плукани и сл.

Оттука, согласно член 16 на Уставот на РепубликаСеверна Македонија и  член 14 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, како и според членот 3 од Кодексот на новинари, бараме во целост да го објавите овој демант на текстот со наслов „(ФОТО) Ова се луѓето кои бришат содржини од Facebook во Македонија!“ објавен на 12.11.2020 година. Бараме демантот да се објави веднаш и на истото место и на ист начин како што е објавен текстот со наведените клевети.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Рашела Мизрахи брилираше во вечерашното гостување на емисијата "Само интервју" на Канал 5
Следна објава Возилото на брзата помош од Делчево фатено на Бит Пазар како товари поголема количина цвеќиња. Што ли подготвуваат во Здравниот дом со толку цвеќиња?
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 562
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 541
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 531
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1191
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 558
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

831
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1600
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.