Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 118 годишнината од загинувањето на Македонскиот револуционер и идеолог на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев упати силна порака во јавноста преку социјалните мрежи:
“Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван.
Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија.
Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија!
4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија!”


