На денешниот протестен марш на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци од страна на Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски беа упатени голем број на пораки за сите актуелни малигни процеси кои ги спроведува Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев.
Во својот говор Мицкоски меѓу другото ги спомена понижувачките постапки на Зоран Заев во гафот со бакнување на пенкалото на Столтемберг, избегнувањето при интервјуто на грчката телевизија да го спомне зборот Македонија, притоа кажејќи дека со Договорот од Преспа е зачуван идентитетот на Македонскиот народ…
Во своето обраќање пред граѓаните на Кавадарци, Мицкоски се осврна и на немилиот настан со убиството на младиот Никола Саздовски и за неодговорнотопостапување на полицијата предводена од Министерот Оливер Спасовски.
На упатениот повик на Зоран Заев од синоќешната т.н. прослава во Битола за славење на европската иднина, Христијан Мицкоски му порача дека “ќе ја славиме европската иднина, но најпрвин ќе завршиме со криминалот и ревизија за случаите “Глобал” и “Поткуп”.