Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на преубавото охридско сео Велгошти.
Во придружба на кандидатката за Претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска, како и заедно со Кандидатот за Градоначалник на Охрид, Митре Милошевски се сретнаа директно со жителите на Велгошти при што разговаараа и ја споделија својата визија за Македонија и за Охрид.
Бев традиционално во преубавото Охридско Велгошти, во манастирот СВ Петка. Имаше голем број на граѓанин да се видиме, да разговараме, да им ја објсниме визијата за убав Охрид и нашата борба за правда за Македонија. И нашиот кандидат за градоначалник Митре Милошевски и кандидатката за претседателка Гордана Сиљановска Давкова се честити и стаменити луѓе, со план, знаење и искуство.
Застануваме еден до друг, а поддршката за нас во оваа наша мисија е поддршка за Македонија и не се плашиме, влеговме во овој предизвик одлучни како никогаш порано.
Сплотеноста и обединетоста ќе ни донесе победа, а победата значи триумф на народот.
Убеден сум дека и Милошевски за Охрид и Гордана за Македонија ќе ги вложат цело знаење, ќе работат вложувајќи го последниот атом од силата за да изградат и донесат правда, просперитет и создадат вредности.
Стануваме заедно силно и одлучно за иднината на секој еден човек и за иднината на Македонија.
-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски.


