Денеска на овој празничен ден во кој Македонија ја слави својата стекната независност на 8 Септември во 1991 година, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на славното Смилево.
Оттука тој упати порака на национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина и зачуван идентитет.
“Длабока почит и поклон за Дамјан Груев, пред неговото спомен обележје во славното Смилево.
Груев, еден од најголемите синови на Македонија и човек кој животот го посветил на ВМРО и каузата, и тоа на денот кога се бележи независноста на нашата татковина Македонија.
На Македонија и треба нов 8 Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина, и зачуван идентитет.
Слава на хероите кои ги положија животите за нашата слобода и независност!”
-соопшти Христијан Мицкоски од славното Смилево.