Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна поголем број на мерки кои што ќе се најдат во предизборната кампања на партијата.
Овие нови претставени мерки како и претхотните неколку блокови на мерки се дел од програмата за Обнова на Македонија според која ВМРО-ДПМНе се обврзува пред Македонските граѓани дека ќе работи во претстојниот четиригодишен мандат како идна Влада.
Денешниот сет на мерки кои што ги претстави Христијан Мицкоски се однесуваа во голем дел на подобрување на состојбите во јавните дејности пред се образованието, културата и уметноста.
Посебен акцент во својата прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ стави на унапредувањето на Македонскиот јазик како идентитетско обележје на Македонскиот народ при што колку што дозволуваше времето на прес конференцијата напомена неколку клучни активности кои ќе бидат превземени во претстојниот период:
“Се обврзуваме на обнова која ќе значи Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитетско обележје. Ова опфаќа сет мерки како изработка на Корпус на македонскиот јазик, Академска граматика и Етимолошки речник, поддршка на изданијата за Правописот на македонскиот јазик.”
-рече на прес конференцијата Христијан Мицкоски.
Проследете ја во продолжение неговата прес конференција во која Мицкоски говори за овие мерки, при што на крај одговара и на новинарски прашања за дневно-политички актуелности:


