Денеска Министерот за образование Арбр Адеми со објава преку социјалните мрежи соопшти во јавност дека се преименувани училиштата „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“ и „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ во скопската општина Чаир.
Ова соопштение следува откако во 2012 година Советот на Општина Чаир гласаше за оваа промена на имињата на училиштата, по што беа поставени нови табли со новите имиња на училиштата.
На хартија во документите поради реакција тогаш на Државниот инспекторат за локална самоуправа под раководство на Ванчо Шехтански, имињата останаа оние старите за што следеше институционална битка со донесување одлуки и поништување на истите од страна на надлежните институции.
Денеска од страна на Министерот Адеми беше објавено дека промената на имињата е извршена и во Централниот регистар при што тој соопшти:
“Откако ги потпишав потребните документи, прашањето со имињата на на училиштата во Чаир конечно е затворено“.


Зоран Заев одговарајки на новинарско прашање соопшти дека за него тоа е незаконска одлука и истата треба да се повлече..


