• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски со анализа за економскиот колапс кој се случува на Македонија под палката на СДСМ

април 9th, 2020 Македонија, Политика коментари 625

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски со анализа за економскиот колапс кој се случува на Македонија под палката на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рано утринава излезе со своја конкретна анализа околу финансиските показатели во државата кои одат во надолна линија.

Буџетскиот дефицит на централниот буџет на владата во првите два месеци од годинава е за 63% поголем во однос на ланскиот за истиот период, падот на стоковата размена на Македонија со странство, падот на извозот преточени преку негативното трговски салдо, според Мицкоски се показатели кои што говорат дека Македонија е во “кал до гуша”, наспроти тврдењата на Зоран Заев дека блескаме.

Целата анализа на Христијан Мицкоски ја пренесуваме во продолжение:

“Борбата со пандемијата е борба за секој човечки живот, таа е непроценлива и бесконечна, исто како што е Македонија бесконечност. Во политката пак, морате да бидете подготвен на критика, понекогаш аргументирана и прецизна, но понекогаш дифузна и тенденциозна. Осуден однапред што можеби овој пост нема да биде во насока дека блескаме во економијата и резултатите се за поклонување, сепак чувствувам огромна одговорност да споделам една кратка анализа со македонските граѓани и ќе оставам самите да одговорат на прашањето:
Дали Зоран Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио, водејќи се исклучително од личните и партиските интереси и манифестираа огромно незнаење или е нешто друго во прашање? …

А се започна на 26 декември 2019 година кога тогашниот, сѐ уште премиер во занес, во парламентот ќе изјави дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување. Истиот овој наратив понатаму ќе го продолжат уште неколкумина јуришници од СДСМ во владата, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Нина Ангеловска итн., и се до 21 март оваа година, сите овие заедно со Зоран Заев ќе не убедуваат дека буџетот е ликвиден и дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување и покрај тоа што нема раст на БДП од 5% или на пример просек плата од 500 евра, странски и домашни инвестиции, загарантиран откуп за земјоделците, 500км автопатишта итн… Но, каква е реалноста и какви се бројките, тие самите ќе дадат одговор на прашањето, имено буџетскиот дефицит во првите два месеци од 2020 година изнесува речиси 25% од вкупниот кој е предвиден за цела 2020 година или за 63% повеќе од тој во 2019 година кога бил 15,2% (слика 1)., а само во февруари месец тој бил повеќе од 3 милијарди денари (Извор: МФ, Извештај за реализација на буџет заклучно со месец февруари 2020).

Вториот податок кој е содржан во оваа анализа е стоковата размена со странство, извоз и увоз. Во месец февруари 2020 година за прв пат во последните 5 година се бележи пад на извозот и тоа за 1,9% (слика 2).

Извозот бележи опаѓање за повеќе од 10 милиони евра, а истовремено увозот бележи зголемување за повеќе од 40 милиони евра (слика 3).

Апсолутната бројка во негативното трговска салдо е поголема од 50 милиони евра (слика 4).

Може да се заклучи само доколку се соберат негативното трговско салдо и буџетскиот дефицит за месец февруари 2020 година, доаѓаме до фрапантна бројка од повеќе од 6 милијарди денари или повеќе од 100 милиони евра. Јас немам дилема дека додека јуришале со народни пари да вршат поткуп на гласачи за предвремените парламентарни избори што требаше да се случат на 12 април, првите сериозни знаци за сериозна економска апокалипса која ни претстои како резултат на пандемијата, но и поради кусогледите економски политика на владата на СДСМ, веќе во месец февруари пристигнале.

Опиени со власт, надмено создавајќи ограда околу себе, владата и надлежните за економските политики овие предупредувања не успеале да ги забележат, туку сосема спротивно одлучија да не убедуваат длабоко во месец март дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Многу прашања ќе останат сега за сега неодговорени, а ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подаде рака, на време предупреди и понуди решенија. За одговорите на прашањата ќе оставиме да помине пандемијата и ќе ги одговараме едно по едно, тоа што ја одбивте подадената рака и не прифативте ниту едно од понудените решенија доволно говори на личниот капацитет и за тоа кој за што се залага и бори. Тоа нема да не демотивира, напротив, дополнително не мотивира и така мотивирани ќе продолжиме да иновираме, креираме и бараме решенија за ова што допрва не чека, а тоа е нашата борба против пандемијата, негативните ефекти од пандемијата и борбата за македонските граѓани и Македонија, таа борба, реков на почеток, е бесконечност. Ние со нашиот сон за бесконечната Македонија, а вие со вашата надменост, неспособност и отсуство од реалноста…

Борбата продолжува, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Синот на Александар Вучиќ заразен со Корона. Емотивна порака на таткото
Следна објава Љубомир Цуцуловски: ЗА КУЧИЊАТА И...
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 722
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 652
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 676
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 705
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

2130
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1277
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202118
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.