• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски: Спасовски и Заев jа туркалe македонската економија кон чист банкрот-Владата направила смислен и добро организиран грабеж на народните пари

април 28th, 2020 Македонија, Политика коментари 686

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски: Спасовски и Заев jа туркалe македонската економија кон чист банкрот-Владата направила смислен и добро организиран грабеж на народните пари

Денеска на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обелодени шокантни информации за состојбата со Буџетот на Владата предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски во изминатите три години.

Драстично влошување на дефицитот на приходната во однос расходната страна е забележан во последните три месеци кога се потрошени 43 проценти од целиот буџетски дефицит планиран за целата 2020 година.

Ваквата постапка на Владата предводена од СДСМ Мицкоски ја оквалификува како добро осмислен и организиран грабеж на народните пари на Македонските граѓани.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

“Дозволете најнапред да ја изразам мојата најсериозна загриженост за економската состојба во која се наоѓа Република Македонија. Податоците кои дојдоа до мене и анализите кои ги направивме недвосмислено покажуваат дека веднаш зад здравствената криза, постои многу сериозна и опасна економска криза.
И да не се случеше пандемијата со корона, податоците говорат дека македонската економија од неодговорната влада на Спасовски и Заев се туркала кон чист банкрот.

Должен сум да ја известам јавноста дека анализите покажуваат дека врз буџетот од страна на Владата е направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари. А, тоа го покажува и реализацијата на буџетот кој што министерството за финансии го објави во текот на вчерашниот ден. Не можам никако поинаку да го оквалификувам ова, затоа што е трошено безмилосно, расипнички и недомаќински. И ова нема никаква врска со политика, за ова што денес го говорам постојат конкретни бројки кои денес ќе ги споделам со македонската јавност, а кои секој граѓанин треба да ги разгледа за да ја сфати штетата која и е направена на државата.

Извршен е буквално смислен грабеж на економијата во првите три месеци од годината со цел да се покријат изборите кои требаше да се случат, кога се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра, потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, додека нас не убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден.

Или со други зборови го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек само од почетокот на годината заклучно со крајот на месецот март.Оваа состојба денес надополнета со корона кризата е уште полоша. Да одиме со ред.

Под број еден

Во првите три месеци, јануари, февруари и март од 2020 година владата на Зоран Заев и СДСМ изврши практично грабеж на буџетот и со тоа свесно ја турна Македонија во кризна состојба и подредена положба. Кога беше јасно дека пандемијата со Ковид-19 вирусот ќе ја зафати Македонија, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ играјќи all in со буџетот, нашата заедничка иднина, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ мотивирани од лукративни мотиви и желбата по било која цена да се обиде да оствари подобар резултат на предвремените парламентарни избори потроши за еден квартал речиси половина од буџетскиот дефицит планиран за цела фискална 2020 година. И тоа за периодот од 1-ви јануари до 31 март во 2017 година потрошени се околу 19% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто повеќе од 21% од планираните капитални инвестиции.

Повторувам за истиот период 2017-тата година потрошени се 19% од тогаш планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 21% од тогаш планираните капитални инвестиции. За истиот тој период пак во 2018 година потрошени се околу 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од планираните капитални инвестиции. Во 2018 година за истиот тој период потрошени се 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од тогаш планираните капитални инвестиции.

Во 2019 година, исто така изборна година, беа претседателски избори, во истиот период во првите три месеци 01.01 до 31.03 потрошени се нешто над 18% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 7% од планираните капитални инвестиции. Доаѓаме до 2020 година, месеци јануари, февруари, март, период 01.01 заклучно со 31.03, Зоран Заев и СДСМ практично реализираат смислен грабеж трошејќи нешто помалку од 43% од буџетскиот дефицит, а притоа реализирале околу 8,5% од планираните капитални инвестиции.

Замислете во исто така изборна година 2019-та буџетскиот дефицит во првите три месеци, односно тоа се средства помалку собрани од буџетот, отколку потрошени, во периодот јануари, февруари и март, изнесува нешто над 18% , а за истиот тој период во 202 година Зоран Заев и ова раководство на СДСМ водејќи се исклучиво од лукративни мотиви , а со цел да постигнат подобар резултат на предвремените парламентарни избори во услови кога низ светот владее пандемија со Ковид – 19 вирусот извршуваат грабеж на народните пари во буџетот и трошат 43% од буџетскиот дефицит. Односно да бидам попрецизен во првите три месеци СДСМ и владата на Зоран Заев потрошиле 120 милиони евра, народни пари, повеќе отколку што за тој период собрале во Буџетот.

Ако се анализираат трите години наназад 2019,2018 и 2017 ќе може да се забележи дека тој буџетски дефицит во првите три месеци се движи помеѓу 50 и 57 ипол милиони евра. За два ипол пати повеќе е направен грабеж од страна на СДСМ и Зоран Заев на народните пари преку буџетот на Република Македонија, а со една цел обид за поткуп и постигнување подобар резултат на предвремените парламентарни избори кои што требаше да се случат на 12-ти април оваа година.

Само во месец март буџетскиот дефицит во 2020 година потрошиле 50 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот. Ако тоа се спореди со месец март во 2019-тата година кога потрошиле 7 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот преставува фантастична бројка од 7 пати повеќе. Или пак ако тоа се спореди со 2018-тата година истиот тој месец март буџетот имал суфицит од 2.65 милиони евра. Или повеќе имало во буџетот собрано отколку што се потрошиле за истиот тој период. Или пак ако анализираме 2017-тата година и месец март тогаш можеме да заклучиме дека во буџетот има суфицит од 2 милиони евра или повеќе биле собрани 2 милиони евра отколку што биле потрошени.

Оваа година обидувајќи се да направат масовен поткуп вршат грабеж и трошат само во месец март 50 милиони евра повеќе народни пари, ваши пари од тоа што го собрале во буџетот. А, за целиот период од јануари до месец март цели 120 милиони евра, со што од почетокот на годината го задолжија секое македонско семејство со дополнителни 15.000 денари.

Број 2

Уште една лага на Зоран Заев и СДСМ заврши неславно, имено во првите три месеци од фискалната година од буџетската сметка беа сервисирани задолжувања во вредност од околу 308 милиони евра и тоа, 170 милиони евра долг кон доверители од странство, 18 милиони евра долг кон доверители од Македонија, а дополнителни 120 милиони евра кои што ги споменавме беше сервисирање на буџетскиот дефицит, односно за толку помалку собраа од тоа што потрошија во првите три месеци.

Зоран Заев ја убедуваше македонската јавност дека долговите ќе ги сервисира со средства кои ќе ги позајми од странски доверители. Ние тогаш велевме дека е потребно ликвидноста да се бара дома, да се ослободат благајничките записи, да се запишат државни обврзници, државни хартии од вредност. Но тогаш тоа беше грубо одбиена и надмено би рекол одбиено од страна на владата на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но каква е реалноста овие 308 милиони евра, 98% се сервисирани од обврски направени и задолжувања заради раздолжување кое што е реализирано на домашниот пазар. А, само 2% се средства кои што се обезбедени како странски заеми.

Повторувам и покрај тоа што ја убедуваше македонската јавност, и покрај тоа што примитивно надмено ги одбиваше понудите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и препораките дека треба парите да се бараат на домашниот пазар, тој ни велеше дека ќе барал пари надвор од Македонија. Но додека ни велеше дека ќе бара пари надвор од Македонија безмилосно ја задолжуваше Македонија токму внатре и 98% од задолжувањето поради раздолжување го направи во македонскиот домашен пазар. А, само 2% се средства обезбедени како странски заем.

Број 3

Трета работа која што сакам да ја истакнам. Во првите три месеци полнењето на буџетот е нешто над 20%. Доколку дојде до смирување на пандемијата и постепено нормализирање на економската активност на компаниите со сигурност може да се очекува реализација на сценариото 1 кое го најави ресорниот министер на прес конференција одржана на 1 април кога кажа дека ќе недостасуваат околу 20% од планираното или околу 700 милиони евра повеќе од планираниот буџетски дефицит.

Доколку на ова се додадат околу 514 милиони евра планирано задолжување поради раздолжување и тоа 246,5 милиони евра домашен долг и 267,7 милиони евра надворешен долг и доколку на ова се искалкулира планираниот буџетски дефицит за до крајот на годината во износ од околу 162 милиони евра, доаѓаме до бројка од 1 милијарда 376,2 милиони евра кои е потребно буџетот да ги обезбеди од задолжување, доколку не се случи некое подраматично и поголемо кратење на расходната страна кои што гледаме дека не се случува. Овие средства се доволни само за покривање на стари долгови и буџетскиот дефицит без некоја посериозна поддршка на компаниите.

При намалување на бруто домашниот производ од 4% колку што предвидуваше ММФ и дополнителните задолжување поради сервисирање на буџетскиот дефицит без посериозно намалување на расходната страна, неминовно ќе доведе до зголемување на јавниот долг. Повторувам задолжување поради покривање на дупката во буџетот и буџетскиот дефицит без било какво посериозно задолжување, а со цел поддршка на реалниот сектор и на македонската економија. Неминовно ќе дојде до зголемување на јавниот долг во однос на БДП ако се има во предвид и предвидувањето на ММФ дека македонската економија во оваа 2020 година ќе ја заврши со стапка од 4% намалување.

-Ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев може да понуди само три работи. Првата работа овој обид за поткуп кој што го правеа изминатиов период, а кој што кулминираше со првите три месеци од 2020 година надевајќи се дека на тој начин граѓаните во нашата држава ќе го заборават сето она понижување, сиот оној срам, криминал и корупција изминативе три години кои што ги предводеше СДСМ и Зоран Заев. Е, на тој начин мислеа дека ќе ја купат поддршката на вас, на македонските граѓани. Втората работа, која што ќе ја понудат и која што ја нудат е Луј Витон обвинителството и трас – трас судството преку закани и уцени и да се добие глас повеќе, преку закани и уцени да се отргне гласач повеќе кој што го чувствуваат дека ќе го даде глас за опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И третата работа која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев може да ви ја понудат е грабеж, грабеж онаков каков што беше прикажан на денешната прес конференција.

Ја користам оваа прилика, да ве убедам дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со десетици бил рекол стотици експерти од земјава и странство работат на изготвување на сериозен план кој што ќе ја врати Македонија повторно на победничките патеки. Бидете спокојни и верувајте дека ВМРО-ДПМНЕ како зрела и државотворна политичка партија има еден приоритет, а тоа е како да се спаси Македонија. Македонија може да се спаси, ако се спасат повеќе човечки животи, ако се спаси економијата во државата и да се донесе благосостојба во целата држава.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Цветан Трипуновски со револт од пред Владата во име на земјоделците во Македонија
Следна објава Чулев во корен ги сосече лагите и пропагандата на провладините ботови: -Мицкоски не ги прекршил препораките
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 729
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 660
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 685
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1338
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 616
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 711
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 378
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 470
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 692
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

871
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1291
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Обединување зад заедничките интереси во Македонија на рамноправни граѓани каде ќе се вредува капицитетот на индивидуата
Колумна

Обединување зад заедничките интереси во Македонија на рамноправни граѓани каде ќе се вредува капицитетот на индивидуата

Апр 7th, 202221
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот
Европа

Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот

Апр 4th, 202220
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

Ное 14th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.