Во синиќешното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со домаќините Горан Момировски и Драган Милосављевиќ разговараше за повеќе актуелни теми поврзани со пописот, со претстојните Локални избори како и повеќе теми од државно значање.
Во однос на кампаеата за претстојните локални избори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го изнесе јасно декларираниот став на партијата дека во рамки на претстојната кампања од ВМРО-ДПМНЕ ќе водат максимално позитивна и афирмативна кампања.
Ваквата определба партијата ја базира на повеќе аргументи:
-Овој тип на кампања со афирмативни настапи и политики е претпочитан порати општите состојби во државата во која мнозинството граѓани им е јасно во какви негативни услови живеат секојдневно наметнати од актуелната власт и дополнително разобличување и трошење на времето на граѓаните во таа насока од страна на политичките претставници на партијата не е потребно;
-Кампањата која ја водат од страна на владеачката СДСМ дека “сите се исти” е во таа насока да ги пасивизираат граѓаните со објективно критичко размислување кои држат баланс помеѓу партиите за да не излезат на избори со што власта со минималната излезеност на што поголем број на граѓани ќе профитира политички ангажирајки ги сите инструменти на моќ, влијание, поткуп и уцени за да остварат позитивен изборен резултат. Токму затоа една позитивна кампања од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ има за цел да покаже токму на тие граѓани кои што се тегот на вагата дека не се сите исти и дека политичките претставници на опозицијата знаат многу подобро од актуелните власти.
Токму за ова прашање на почетокот од емисијата зборуваше Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со што ги појасни овие негови и определби на партијата.
Целата емисија од синоќа може да ја погледнете во продолжение:


