По последната изјава на Министерот за здравство Венко Филипче дека од кочанската Општа болница со проширени надлежности, ќе прави центар за ампутација, со нова реакција во јавноста излегоа повеќе лекари и медицински лица како и од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа изјава ја пренесуваме во целост во продолжение:
Почитувани медиуми!
Почитувани присутни!
ОК на ВМРО ДПМНЕ-Кочани, подржани од граѓаните на град Кочани и од медицинскиот персонал од ,,ОБ Кочани со проширени дејности” ЈАВНО го повикува Министерот Венко Филипче да одговори на неколку прашања:
1) Г-не Министер прво најавивте затворање на Кочанската болница поради искористеност и близината на двата центри, Кочани и Штип!
2) Потоа најавивте Физибилити студија до крајот на јуни!?
3) Најавивте Регионален центар за ампутација, најавивте приватизација!?
Што од сето ова е точно?
1) Дали ќе има затворање на дел од Кочанската болница, како одредени одделенија?
2) Дали ќе им овозможите на граѓаните на Кочани увид во Експрес Физибилити студијата пред се почне со реализација?
3) За километрите?!
Граѓанските потреби се пред се! И Делчево-Штип не се 15 км за 15 минути!
Да ги објасните километрите!?
Да се каже јавно начинот, смислата и потребата од приватизација на Кочанската болница?
А за болните ?
Тоа допрва ќе осетат на своја кожа!
Сте смешале километрите Г-не Министер. Бројките се обратно, и плус!
Минутите ви се саат време губење, а болниот ви е без задолжителна Протоколарна терапија! Знаете веќе, лекар сте!
Ако Нас, Опозицијата упорно не игнорирате, еве ви го Народот-граѓаните на Кочани. Да не речат после не сме кажале!
Да им објасните Вие почитуван, Начинот и Формата на приватизацијата!?
И еднаш засекогаш да се види кој е Фејк Њуз во Кочани. Мачкање очи или смислена концепција за нова бизнис-бонбона
Граѓаните на град Кочани одвојувале самопридонес за изградба на зградите на Болницата и имаат право да ги знаат начинот и смислата на оваа приватизација!
Со почит
ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кочани и медицински лица во болницата