Македонското знаме никаде го нема на официјалната фотографија што Министерството за култура ја сподели јавно и тоа на Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018“. На манифестацијата ќе учествуваат фолклорни друштва од девет земји: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија, стои во соопштението од Министерството.
Ќе се одржат повеќе концерти , и тоа во општина Сарај и на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
Но за ова големо непочитување на државата министерот за култура Асаф Адеми сеуште нема коментар.