По барање на кочанската културна установа, а по спроведената електронска аукција од јавната набавка, Министерството за култура на Република Македонија одобри дополнителни средства за реконструкцијата на Центарот за култура „Бели мугри“.
Министерството за култура ќе ги дообезбеди потребните финансиски средства, потребни за реализација на договорите со Програмата за изградба на нови објекти или за нивна реконструкција, од областа на културата за 2018 година.
Извор: Општина Кочани