• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Митрополит Повардарски †Агатангел: ОМРАЗАТА НА ПОГЛАВАРОТ

април 11th, 2019 Македонија, Став коментари 1036

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Митрополит Повардарски †Агатангел: ОМРАЗАТА НА ПОГЛАВАРОТ

Ве молам да ми простите, бидејќи, како Митрополит на Светата Македонска православна црква, не можам да премолчам за ова неправда!

Господинот Сулејман Реџепи воопшто не наликува на верник кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет. Тој многу повеќе личи на плиток и недоделкан човек, исполнет со огромни предрасуди за поразличниот од себе, па затоа, речиси во сите негови изјави и јавни настапи, го засрамува секој чесен и искрен муслиман во нашата татковина Македонија. Господин Реџепи е гласноговорник и хушкач на национална и верска нетрпеливост и во исто време е предан заштитник на погубниот тероризам и насилие. Тој е типичен претставник на неморалноста, летаргијата, контрадикторноста и лудилото, кои со години однатре го нагризуваат и разнебитуваат нашево општество и ја шират одвратната реа на пеколната запустеност. Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет. Затоа, ставовите на овој залутан човек во верата се семе на раздорите, кое едвај чека да биде полеано од „дивите“ по душа, од кое пак подоцна, неминовно и неконтролирано ќе никне разгранетото дрво на омразата, која бездруго е опасна по живот.

Изјавата на г. Сулејман Реџепи не ги повредува чувствата само на христијаните, туку и на муслиманите, бидејќи огромен дел од ИВЗ се токму Македонците муслимани. И тие ли диви и без идентитет? За жал, македонското општество, кое се стремиме да го изградиме како мултикултурно, со децении толерира вакви полулуѓе, чии дела и постапки сведочат за основната невоспитаност на овие недоветни провокатори, чија нечовечност во однесувањето е многу далеку над границите на пристојноста. Затоа, доколку сакаме да бидеме нормално општество, мораме час поскоро да ги пресретнеме ваквите одвратни однесувања, а мораме и да создадеме делотворен механизам за превенција, како воопшто не би дошло до нивна несакана појава. Господин Сулејман е рак – рана на општеството и затоа соодветно, како што и му доликува, треба да биде препознаен и третиран како заразено ткиво кое се заканува да го оболи целото тело.

Верскиот лидер треба да биде совест на државата, носечки столб на моралноста и основа и темел на мирот, љубовта и толеранцијата. Ефенди Сулејман очигледно ја промашил професијата, па заседнал на едно благородно место, кое воопшто не одговара на погледот на светот на еден Верски поглавар. Ако вака јавно ја покажува својата нецивилизираност, можеме само да си замислиме какви ли сè не гадости промовира и проповеда зад затворени врати? Опасен човек е ефенди Сулејман Реџепи, неговото однесување е налик на разорна бомба во рацете на безумниот. На денешните генерации, од сите значајни фактори во државата им треба огромна поддршка и правилно раководење. Верските лидери, пак, треба високо да се издигнат над секоја приземна предрасуда која внесува немир во човековата душа. Човекот од верата не повредува и понижува никого па колку и да е поразличен од него. Ако пак решил да постапува спротивно, чесно би било да ги напушти своите верски доктрини и обележја, па нека се стопи со светот и со сите негови карикирани и патолошки лудости. Показател на тоа колку му е грижа на г. Реџепи за правдата и вистината е фактот дека тој, како Верски Поглавар на една голема и значајна Верска заедница, воопшто не реагираше, кога мрачните сили на овој свет, вршеа континуирано насилие врз македонскиот народ за да го промени своето вековно и исконско име. Впрочем, сите имавме некое чувство дека тој не само што ја поддржува оваа неправда, туку и оставаше впечаток дека се наситува од несреќата на слабиот и незаштитен македонски народ, кој во значаен дел припаѓа на ИВЗ со која тој раководи. Господин Сулејман Реџепи е тргнат на патот на омразата, а таа одвратна и примитивна нарав, најпрво беспомошно го разјадува човекот однатре, а потоа и духовно ги уништува и оние кои се напиваат од нејзините отровни и горчливи сокови.

Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

Превземено од фејсбук страната на Повардарската епархија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Утринава уапсен основачот на Викиликс- Џулијан Асанж во името на американските власти
Следна објава Гордана Силјановска: Владата мора да престане да се коцка со иднината на Македонија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 539
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 513
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1166
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 497
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 566
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 303
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 384
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 529
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1236
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2146
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.