Професорката Гордана Силјановска алармира во јавноста за катастрофалните податоци на Светска банка за Македонија по повеќе основи:
Светската банка излезе со поразителни, катастрофални податоци за Македонија. На индексот кој го мери човечкиот капитал земјата се наоѓа на срамното последно место во регионот, подолу и од Косово, а дури на 88-то место во светот.
Не само тоа, туку нашите деца имаат најслаби резултати на стандардизираните глобални тестови и дури и послаб квалитет на здравствени услуги од нивните врсници во регионот.
Најавите за приватизација на здравствениот систем и отсуството на какаво било вложување во образованието ги урива надежите на младите Македонци за подобро утре и ги осудува да бидат заковани на самото дно на Европа.
Иднината на Македонија ќе ја обезбедиме само преку безрезервен влог во нашите деца, во нивното здравје и во нивното образование.
Заев се коцкаше со Македонија, играше all-in и ја добивме срамната ‘Северна …’, но зарем ќе му дозволиме да ја прокоцка и иднината на нашите деца?
#ПравдазаМакедонија #ТатковинатаПовикува
-напиша на фејсбук Гордана Силјановска Давкова.