Во своето гостување во емисијата “Што не е јасно” на ТВ АЛФА пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, зборуваше за Резолуцијата која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во собраниска процедура а која што ја поддржаа партиите од власта (СДСМ, ЛДП).
“Со Резолуцијата се оцртуваат црвените линии на она што е Македонија, македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик.
Автори на самата Резолуција на супстратот, на месото на Резолуцијата беа МАНУ и УКИМ, додека формата ја даде пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ односно ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што формата и дефиниција на Резолуцијата требаше да биде запазена. Не е за неочекување тоа што истата и денеска е прифатена од Социјалдемократскиот сојуз, знаете како ова не е Резолуција којашто треба да поттикнува поделба туку ова Резолуција е како резултат на недоверба во самиот процес. Досега слушнавме сѐ и сешто од власта и секакви постулати, наративи, бетониран статус на идентитет, бетониран статус на јазик којшто да бидеме искрени наиде на силна недоверба на населението, еве јас би можела да кажам дека според моите видувања од моите посети низ Македонија на различните општини речиси 90% од населението немаат доверба во процесот, ниту пак имаат доверба во наративот кој што го слушаат од власта за оној бетониран идентитет и бетонирани прашања за јазикот. И баш поради тоа ни беше потребна една ваква Резолуција.
Јас сум дел од тие 90% од населението коешто не верува во изјавите на власта во врска со националните интереси и преговорите со Бугарија.
За мене е очекувано да биде оваа Резолуција прифатена од СДСМ, на пример, како би звучело во предизборие на локални избори да кажуваат дека биле против Резолуција којашто вели: „Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет“. Како ќе бидете против ова?”
-рече Мизрахи во врска со развојот на настаните околу резолуцијата за дефинирање на МАкедонските црвени линии во Македонскиот парламент.