Со максимални резултати се закитија младите иноватори од Берово на Меѓународниот саем за иновации МАКИНОВА иЕКОНОВА 2018, кој се одржа на саемот ТЕХНОМА, под организација на Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија, во спортската сала Борис Трајковски. По триесети пат СЗТК Народна Техника Берово традиционално зазема учество на овој саем со свои претставници. Оваа година учествувуваше со 30 ученици од ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски” , ОСУ ,,Ацо Русковски “ и ООУ ,, Ванчо Китанов” и 1 возрасен учесник, каде сите постигнаа врвни резултати.
Посебно резултатите на ученикот Марио Пеовски, кој е прогласен за млад иноватор од страна на Државниот завод за индустриска сопственост и патенти од областа МАКИНОВА и Нада Бакаловска, која исто така е прогласена за млад иноватор, од страна на приватна агенција за интелектуална сопственост БЕРИН Скопје, кои добија плакети и парични награди. ,,Бевме сведоци на едно пријатно дружење, учесниците стекнаа убаво искуство , имаа можност да видат нови идеи и иновации . Овој момент сакам да го искористам да ја искажам мојата благодарност до Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој несебично ни овозможи подршка и учество на натпреварот, обезбедувајќи превоз на учесниците” – изјави Биста Поп Ѓеоргиева- извршен директор на Народна Техника Берово.
Следен предизвик за младите иноватори од Берово е Меѓународен натпревар за иновации кој ќе се одржи во Струмица по повод Светскот ден на науката 10 ноември.