Во текот на вчерашниот ден поголем број на граѓани на Кичево како и останатите населени места кои што се наоѓаат на патот на славната Илинденска коњаница ислегоа со радост и огромно чувство на патриотизам да ги поздрават учесниците на овогодинешниот коњички марш кон славното Крушево.
Помеѓу граѓаните од сите генерации особено видливо е присуството на млади Македонци кои што се во очекување на коњаниците за да направат своја фотографија за овековечување на овој настан.
Помеѓу нив е и нашиот редовен дописник Стојанче Никодиноски кој известува за повеќе значајни настани од неговото родно место.
Во продолжение го пренесуваме неговиот фејсбук статус по овој повод:
“Денеска свечено ја пречекавме и испративме Кичевската коњаница до славното Крушево.
Ние младите од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги одбележуваме ваквите настани, бидејќи борбата на Илинденците е нашата кауза.
НЕКА ВИ Е СРЕЌЕН И ЛЕСЕН ПАТОТ
БРАЌА И СЕСТРИ КОМИТИ.
НЕКА Е ВЕЧНА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
НЕКА Е ВЕЧНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ ЗА МАКЕДОНИЈА