На опширна прес конференција денеска Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев ја информираше јавноста за мерките кои ги превзема тој како министер и полициските службеници во секојдневните активности во борбата против пандемијата со Корона вирусот.
За сериозноста на ситуацијата, за ангажманот на полицијата во обезбедувањето на безбедноста за мерките за справување на заразата и превземените занкции против прекршителите погледнете во видеото во продолжение за што станува збор:
“Во насока на редовно информирање на јавноста на денешната прес конференција ги споделиме последните информации кои се поврзани со постапување на полициските службеници во насока на спречување и превенирање на корона вирусот, а и заштита на животот и здравјето на граѓаните.
Во таа насока потенцирав дека Министерството за внатрешни работи ги презема мерките за гарантирање на безбедноста и здравјето на граѓаните првенствено во кризниот дел на државата, а потоа и на територијата на државата. 🇲🇰”