Секојдневниот пораст на бројот на заболени граѓани на Република Македонија е крајно загрижувачки и алармантен. На терен паниката и загриженоста кај населението иако е тивка сепак е присутна насекаде низ државата кај сите категории на граѓани.
Најмногу се исплашени повозрасните граѓани, но тука се и речиси сите работодавачи кои покрај здравствениот аспект на пандемијата ги загрижува економскиот дел, кој може да значи крах на домашното стопанство и појава на социјална криза од невидени размери.
Во таа насока сите мерки во насока на спречување на негативните здравствени и економски аспекти од прогласената вонредна состојба кои се превземаат од надлежните треба уште по енергично да се спроведуваат, во временски период кои е диктиран од состојбите на терен на сите нивоа во државата.
Од друга страна на комуникациската мрежа Вибер се појавија анимирани стикери со ликот на Венко Филипче кои во ваква пресериозна ситуација која се наоѓа на сите нивоа во државата до одредена мера делуваат несериозно.
За ваквата појава ртеагираше и Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој апелираше до надлежните на поголема сериозност од нивна страна за спречување на поразителните ефекти од пандемијата.
Во продолжение ја пренесуваме интегрално реакцијата на Мицкоски за оваа појава:
“Стикерите нема да нѐ спасат од Короната, но работата на надлежните секако ќе влијае за намалување на последиците. Затоа, наместо стикери фатете се за работа, затоа што не е само Дебар, туку и Гостивар, Штип, Охрид, Скопје… Економијата е во колапс, светот ги брои жртвите, а што прави владата? Прави стикери!
Треба поголема сериозност на власта и итни мерки.”