Во чест на добитникот на највисокото признание “ Златен венец” за 2018 година , поетот од Полска Адам Загајевски, ќе се засади дрво во струшкиот Парк на поезијата на 22 август, каде официјално ќе започнат годинешните Струшки вечери на поезијата.
На отворањето ќе се запали фестивалскиот оган и ќе се одржи традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата, по што ќе следи Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.
Престижната награда „Златен венец“ на Загајевски ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот на традиционалното поетско читање „Мостови“, кога ќе бидат доделени и наградите „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга.
Годинашниот добитник е Паули Тапио од Финска, како и „Браќа Миладиновци“ кои ќе бидат објавени во текот на фестивалското издание.