Општина Делчево предводена од Градоначалникот Горан Трајковски по повод 2-ри Август Илинден организира полагање на цвеќиња пред споменикот на Гоце Делчев и споменикот на паднатите борци од НОВ во Втората Светска војна во Делчево.
“Општина Делчево Ве поканува на заедничко одбележување на големиот македонски празник ИЛИНДЕН и гордо и достоинствено да се потсетиме и да оддадеме почит на двата Илиндена:
119 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и
78 години од ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ
Програма
Вторник, 2 АВГУСТ 2022
10.00 ч Споменик на Гоце Делчев (центар на Делчево)
- реферат за значењето на Илинденското востание 1903- подготвен од КУД „Гоце Делчев“ Делчево;
- положување свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
10:30 ч Споменик на паднатите борци во Делчево (центар на Делчево)
- реферат за значењето на Првото заседание на АСНОМ 1944 г.- подготвен од КУД „Гоце Делчев“ Делчево;
- положување букети свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОВ;
13.00 ч. културно-уметничка програма во дворот на манастирот „Св.Илија“ во с. Ѕвегор“
-стои во поканата упатена до јавноста за настанот.