На 25 Август во Македонска Каменица се одржува првиот ноќен градски маратон – Kamenica Night Run
Kamenica Night Run е трка со должина од 5 километри, која започнува од Градскиот плоштад во 20:00 часот и ќе се одвива долж градските улици во Македонска Каменица. Трката е во кругови, со поставени пунктови со освежителни пијалоци за учесниците.
Kamenica Night Run предвидува и можност за тим билдинг натпреварување за здруженија, фирми и спортски клубови. Тука треба да бидат пријавени најмалку тројца учесници, кои се натпреваруваат под исто име.
Пријавувањето за учество на Kamenica Night Run започнува денеска, а завршува на 22 Август.
Останатите информации и детали, со многу други интересни изненадувања од Kamenica Night Run, дополнително ќе бидат објавени.
-интегрален текст на организаторите на настанот- Општина Македонска Каменица.