• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

На денешен ден пред 19 години за Македонија загина Зоран Бубевски од Берово

мај 31st, 2020 Македонија коментари 2120

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На денешен ден пред 19 години за Македонија загина Зоран Бубевски од Берово

На денешен ден (31.05.2019), пред 19 години, носејќи храна на бранителите кај Караулата во Биљак на Скопска Црна Гора, загина капетанот Зоран Бубевски од Берово. Загина за Македонија од мина поставена од албански терористи. За 10 дена не го дочека својот 33 роденден…

Вечна слава на херојот!

Живот и војните на поранешна СФРЈ

Зоран Бубевски е роден на 10 јуни 1968 година во Берово. По основното образование, завршил воена гимназија во Белград, а потоа и воена академија во Сараево и Задар. Последната служба во ЈНА го затече во Бања Лука. Како Македонец, меѓу првите го сфати апсурдот на војувањето во туѓа војна и гинењето за туѓи интереси. Немајќи друг начин да се врати во Македонија, го искористи конвојот што од Сисак заминувал за Скопје. Доаѓајќи тука се пријавил во скопскиот гарнизон барајќи да биде оставен тука, да служи во ЈНА, но во Македонија. Неговата решеност да не војува се гледа и од решеноста: „Доколку не ме оставите тука, заминувам од Армијата.“ Бил свесен дека поради „дезертерството“ од Бања Лука ке уследи казна, но таа не му значела многу во споредба со учество на војна при распаѓањето на Југославија.

Во рамките на ЈНА постоеја два казнени центри за непослушните старешини. Едниот беше во Кичево, другиот во Билеќа. Во рамките на таа казнена политика, по пристигнувањето во Македонија, на Петровден 1991 година, Зоран е распореден на работа во Кичево. Со осамостојувањето на АРМ, меѓу првите останува во старешинскиот кадар, но пак во Кичево. Таму е на служба до 2000 година, по што е прекомандуван во Куманово.

Казнет затоа што наредил да пука во терористи!?

Со упадот на терористите од Косово во Македонија постојано е на најистурените караули „Танушевци“ и „Кодра Фура“, локации што и пред тоа, посебно во војната меѓу таканаречената ОВПМБ и српските одбранбени сили во Прешевската Долина, претставува главен канал за уфрлување на оружје и терористи во Македонија и Јужна Србија. Во таква позиција, Бубевски има два најдиректни контакти со терористичките банди. Во првиот, на „Кодра Фура“, фаќа коњ натоварен со оружје при што група терористи побегнале во Танушевци и оттаму на Косово. За ова е награден од армискиот врв. Подоцна на истата локација, патролата што ја предводи налетува на комбе со оружје и терористи. При сопирањето, комбето не сопрело, а терористите отвориле оган врз патролата. Тогаш Бубевски пукал во гумата по што комбето е запленето, а терористите успеале да побегнат. За оваа постапка е казнет. Којзнае од кои причини, веројатно било оценето дека не постапил правилно што пукал во комбето.

На 26 мај 2001 година, во саботата, Зоран имаше веридба. Во понеделникот замина во касарната во Куманово. Во средата дојде со мајка му на аеродромот во Скопје да ја пречека сестра му која живее во странство. Во четвртокот, на 31 мај 2001 година загина од нагазна мина на патот кон времената караула „Биљак“ кај Блаце. Бил во конвојот што на војниците им носел цистерна вода, придружуван од два хермелина. Хермелините минале, а цистерната имала потешки тркала и нагазнала на мината. Зоран имал две бомби на себе и среќа во несреќата е што тие не експлодирале. Останал само пригмечен во цистерната. Бубевски одел со конвојот бидејќи требало да прими смена на караулата. За десет дена не го прослави својот 33 роденден.

Секоја година во негова чест во баталјонот за врски се одбележува поменот на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски. Бубевски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. На 2 август 2016 година на влезот на спортската сала во Берово која го носи името „Македонски бранители“ поставена е спомен – плоча на која се испишани имињата на четворицата бранители од Берово кои во конфликтот во 2001 година го изгубија својот живот, Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски.

Извор: Википедија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Д-р Марија Јовановски-Срцева: Бурлеска или пародија на пуста Македонија
Следна објава Јанушев: Заев и СДСМ си прават директни нарачки кај Комисијата за заразни болести
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 719
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 673
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 696
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 371
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 674
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1305
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2139
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201817
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.