#НаДенешенДен 26.10.1902 во с.Драгобраште-Виничко загинува Ангел Димитров Винички…
,,АКО ЕДЕН ДЕН СЛУШНЕТЕ ДЕКА МЕ УБИЛЕ ГОРЕ НА ГРАНИЦАТА, СЕ ЛАЖЕТЕ… УШТЕ НЕ Е РОДЕН ТОЈ ТУРЧИН ШТО МОЖЕ ДА МЕ УБИЕ ИЛИ ЖИВ ДА МЕ ФАТИ. НО ДУРИ НЕ ГО ИСТРЕЛАМ И ПОСЛЕДНИОТ КУРШУМ НЕМА ДА УМРАМ,, Ова се зборовите на најголемиот македонски револуционер и деец од Виница Ангел Димитров Винички познат како и Ангел БабаБожанин Винички кој на денешен ден загинува на 42 годишна возраст во близина на селото Драгобрашта поточно во Терзиската маала. Таа кобна вечер на 25/26.10.1902 година Ангел Винички бил предаден заедно со уште 9 негови соборци од четата на Михаил С Ганчев, битката траела цела вечер за да напладне на 26 Октомври кога аскерот добил засиливање доаѓаат и последните моменти од животот на Ангел Винички. Откако го истрелал и последниот куршум од неговиот револвер настанала потполна тишина, турците си помислиле дека ќе се предаде но Ангел Винички седнал на земјата и почнал да се расоблекува. Ги тргнал од себе сите реденици за патрони, појасот, неговиот џебен часовник, револверот, ја зел неговата кама во рака и силно си ја забодел во срцето и со тоа се самоубил и непаднал во рацете на аскерот. На погребот присуствувале сите селани од с.Драгобрашта и на истиот, началникот на турскиот асќер и останатите војници им одале заслужена војничка почест на Ангел Винички и неговите соборци.
Ангел Димитров Винички 1860-1902 ќе биде запаметен како прв и најверен курир на Гоце Делчев кој во една прилика за него ќе каже ,, Еден редок селанин со вродени добродетели и ретки увлеченија на револувионер, кој цврсто е посветен на организацијата и секогаш подготвен да изгори во огнот за слободна Македонија. Незаменлив деец на организацијата од самото нејзино основање,, Слава ти…