Голема трагедија во сообраќајна несреќа на автобус полн со германски туристи кој се преврте, при што загинаа 29 луѓе во Цаницо, крајбрежен град на португалскиот остров Мадеира.
Уште 27 луѓе се повредени, а автобусот превезувал 55 патници, туристички водич и возач Возачот изгубил контрола над возилото кое се излизгало од патот покрај куќа – пренесува португалската агенција Луса.
„Немам зборови за тоа што се случи. Не можам да се соочам со страдањето на овие луѓе“
– изјавува Соуса за SIC TV.
Тој вели дека сите туристи биле Германци, но дека можно е да се удрени и неколку пешаци. Меѓу жртвите нема деца, потврдија од болницата. Истрагата е во тек.