Боб Марли чии што музички хитови и ден денес се доживуваат на ниво на култ од страна на армадата фанови во секој агол на светот, ја имал најнепотребната и најглупа смрт која што некоја славна личност воопшто ја имала.
Во 1977 година Боб Марли за време на пријателски фудбалски натпревар си ја повредил ногата. Повредата била санирана, но таа се покажала многу полошо од што првично се мислело. По лекарската интервенција врз неговата нога било констатирано дека познатиот реге музичар има рак на палецот на ногата (acral lentiginous melanoma). Лекарите сугерирале да се отстрани прстот од ногата, но Боб Марли на таквата можност се спротивставил, раководејки се од неговата растафаријанска религија, која забранува доброволно отстранување на делови од телото. Се согласил на терапија која била аплицирана на кожата, но таа не му помогнала многу по што болеста се проширила по неговото тело во текот на наредните 3 години. Во овој период Боб Марли се среќавал со многу измамници, надри лекари и шарлатани кои што му ги нуделе своите “услуги” за да го излекуваат.
Боб Марли подлегнал на кобното влијание на болеста на 11 мај во 1981 година.


